Чартер летовите од Холандија, по кои ќе следуваат и летови од Белгија се резултат на соработката на тур операторот ТУИ Холандија и превозникот Arke Fly и ТУИ Белгија и превозникот JetAirFly, која минатата година резултира со потпишување на договори помеѓу еден од најпознатите тур оператори во Европа и светот со хотелите во охридско – струшкиот регион за закуп на легла за 2012 година.
– Половина од туристичките патувања во странство, во Белгија се реализираат токму преку ТУИ Белгија. Она што е особено значајно за нас е тоа што најголемиот број клиенти на овој тур оператор се добри потрошувачи, односно гости со поголема платежна способност, изјави за OhridNews Миодраг Лега, директор на Туристичката агенција” Генералтурист”- Охрид, која се јавува како партнер на ТУИ Белгија и ТУИ Холандија.
Првиот чартер лет од Белгија се очекува кон средината на мај. Според најавите, чартер летовите од Холандија и Белгија во Охрид ќе пристигаат два пати неделно, заклучно месец октомври 2012.