Делегација од ФА на Шкотска во придружба на претставници на ФФМ го посети Градскиот стадион каде ќе се одигра средбата Македонија-Шкотска на 6 септември оваа година и разговараше со Управата на стадионот за условите за сместување на навивачите, новинарите, како и условите за тренинг на репрезентацијата и останататите безбедносни аспекти.Во начело шкотската делегација е задоволна од условите на Градски при што ја прифатија без забелешки информацијата дека средбата ќе се одигра во попладневен термин кој дополнително ќе биде одреден.
Националниот тим на Шкотска во Скопје ќе пристигне на 5.Септември во 15.30ч. со Чартер лет и ќе биде сместен во х. Холидеј ИН. Ќе одржи еден, затворен тренинг во терминот на одигрување на средбата.










