На 11- ти мај, во близина на струшкото село Феришта, од страна на полициски службеници од станицата „Франгово“, бил затекнат жител од селото , како по шумскиот пат, со трактор превезува четири метри кубни дрва, без соодветна документација за истите.
Од страна на полициските службеници, со потврда, привремено биле одземени тракторот и дрвата, а лицето било приведено во полициската станица во Франгово.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












