Пријави за приведените и за организаторот на натпреварот Вардар – Металруг
13.12.10 14:32
За време на одржувањето на ракометниот натпревар помеѓу екипите на “Вардар Про“ и “Металург“ во СРЦ “Кале“ од страна на двете навивачки групи „Комити“ (Вардар) и „Пирати“(Металург), беше нарушен јавниот ред и мир, по што во просториите на ПС „Беко“ беа приведени неколку навивачи поради постоење на основано сомневање дека сториле повреда на чл.3 од Закон за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.
Од преземените мерки утврдено е дека вчера околу 19,50 часот за време на ракометниот натпревар дошло до нарушување на ЈРМ, првонаведените шест лица од навивачката група “Комити“ физички ги нападнале лицата Н.М. и А.Д. мислелејќи дека двајцата се навивачи од навивачката група „Пирати“, притоа удирајки ги со тупаници во пределот на лицето и телото. Од нападот Н.М. се здобил со видливи повреди во вид на црвенило во пределот на левата слепочница на главата.
Покрај ова во простириите на ПС „Беко“ беа приведени уште две лица од Скопје, кои пак се приведени заради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – “напад врз службено лице при вршење работи на безбедност.
Имено, за време на ракометниот натпревар, поточно на споредниот влез од северна трибина во СРЦ Кале, по претходно нарушување на ЈРМ од страна на повеќе лица од навивачката група „Пирати“, малолетно лице Џ.К. (член на навивачка група “Пирати“-Автокоманда) со тапо – тврд предмет удрил еден од полициските службеници кој вршел обезбедување на наведениот спореден влез. Полицискиот службеник бил удрен со еден удар во пределот на носната коска, при што од ударот се задобил со повреда во пределот на носната коска, што било констатирана во ГОБ Скопје.
СВР Скопје по целосно расчистување на случаите ќе поднесе соодветни пријави против учесниците во настаните. Исто така, бидејќи организаторот на натпреварот не превземал доволно мерки на безбедност за спречување и внесување разни предмет (запалки, хартии, рачки од тапани, петарди) од страна на навивачките групи “Комити“ и “Пирати“, што беа фрлани во текот на одржувањето на натпреварот, СВР Скопје и против него ќе поднесена соодветна пријава.
Дербито Металург-Вардар заврши со победа на тимот од Автокоманда со 18-15.
Вечерва со трката на 107 километри со почеток во 23:00 од плоштадот во Охрид започнува седмото издание на Охрид Ултра-Треил што ќе се одржи до 25 мај Годинава на трките учество ќе земат рекордни 65...
Во недела играме со Вардар Иако Вардар е сеуште непоразена екипа во плејофот, сметам дека ќе биде еден крајно неизвесен меч Досегашните натпревари тоа го покажаа дека со нив играме секогаш неизвесн...
Вардар триумфираше во Купот на Македонија, со што на најдобар можен начин ја завршува сезоната во која во еден момент се бореше за опстанок Во финалето што се одигра вечерва на Националната арена ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.