Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување на кривично дело“, струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Србија, со привремен престој во Струга.

– На 20-ти минатиот месец, во 10 часот, сега пријавениот, во полициската станица во Струга пријави казнено дело „кражба“  на две пластични стакла од предни жмигавци од патничко моторно возило марка „Мерцедес С220“, што било паркирано на паркинг во близина на Основниот суд во Струга. Тој, на полициските службеници им кажал дека непознати лица, ги извадиле и бесправно ги одзеле пластичните стакла од жмигавците и веднаш заминале, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од преземените натамошни мерки, полициските службеници од полициската станица во Струга утврдиле дека воопшто не е случена кражба.

OhridNews