По дојава на граѓани од улицата „ Кузман Капидан“ во стариот дел на градот, за проблем со уличното осветлување ,стручните служби од Секторот за комунален развој, извршија отстранување на дефектот .
Од Секторот за комунален развој при општина Охрид уште еднаш упатуваат апел до граѓаните навремено да пријавуваат вакви или слични проблеми со електричната мрежа на јавното улично осветлување, со цел по дојавата веднаш да се дејствува на терен.
OhridNews