Пријавувањето започна за избор на најдобар спортист во Охрид за 2013 година. Пријавувањето ќе трае од 22 декември до 8 јануари следната година. Сите спортски членки во Сојузот на спортови од град Охрид треба да достават листа со резултатите остварени во 2013 година.

Покрај изборот за најдобар спортист ќе се избираат најдобар млад спортист и спортистка, најперспективен спортист и спортистка, најуспешна екипа, најуспешен спортски тренер, спортски работник, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и признание за животно дело.
Контакт за доставување на листитте е официјалниот маил на Сојуз на спортови ([email protected]), претседател на Сојузот на спортови Охрид, Коста Карадимче (070/249-507), подпредседателот Цветко Чолески (075/393-866) и техничкиот секретар Радован Попоски (075/951-777).
Планиран термин за церемонијата на прогласување на најдобрите, е втората половина на месец јануари 2014 година.
Мх.П.










