Аудиториумот на проекцијата на која покрај режисерката на филмот присуствуваше и сопругата на познатиот театраски режисер Крикор Азарјан, го поздрави Благоја Стефановски кој прочита слово за Азарјан од Јордан Плевнеш.
Филмот „45 степени Азарјан“ говори за театарските претстави, филозофијата на животот, работата на режисерот Азарјан и неговото присуство во бугарската театарска сцена. Овој документарен филмима добиено неколку реномирани филмски награди од кои:
-2010 Награда за режисерско деби за документарен филм на филмска академија
-2010 Награда на филмската Академија за најдобар документарен телевизиски филм за 2009-та
-2009 Гран при Осман Муза на медиумите фестивал Османи МУЗА
Филмот ја следи работата во творечкиот процес за создавање на претставата “Галеб” на А. П. Чехов со ансамблот на Театарот на Армијата.
– Документацијата на еден репетиционен процес кој е воден од режисерот Азарјан ќе ни овозможи да ја разгледаме историјата на една претстава како педагошки, естетски и филозофски роман. А исто така и да биде на некој начин, дури и мал, компензација на чувството за загуба или разочарување од тоа што Азарјан никогаш не го опишал или скематизирал методот на предавање, начинот на воспитување и на изградба на актери. Една од големите болести на нашето време е дека е тешко да бидеш некој, тешко е да се биде личност. Во ерата на безличното постоење, личност како Азарјан е поддршка и инспирација истовремено, вели Ѓорќи Јолески, драмски селектор на фестивалот Охридско лето, на чиј репертоар токму вечерва, ќе биде изведена претстава на режисерот Азарјан.