Попладнево екипи на ЕВН ја приклучија електричната енергија во ЈП „Билјанини извори“, која беше исклучена пред три дена поради долг од над 8 милиони денари.

Информацијата за OhridNews ја потврди директорот на јавното претпријатие Ристе Мишев.

-Од 15 часот СРЦ „Билјанини извори“ повторно има електрична енергија, изјави Мишев.

Тој истакна дека во спортската сала „Билјанини извори“ утре ќе се одржи најавениот Саем за вработување, за што во тек се подготовки.

-Попладнево веднаш по тренингот на РК Охрид, ќе започне поставувањето на штандовите за саемот.-рече Мишев.

Дали електрична енергија во спортскиот центар ќе има и по завршување на саемот, засега е неизвесно и ќе се знае во текот на утрешниот ден.

OhridNews