Основните училишта во општина Струга вчера попладне беа повторно приклучени на системот за електрично напојување, откако минатата седмица ЕВН –Македонија им ја исклучи струјата заради заостанатите долгови.
Според информациите од училините управи, електрична енергија добило основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, како и во подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда, како и училиштето „Браќа Миладиновци“.
Општина Струга презеде обврска да го сервисира нивниот долг, кој изнесува околу пет милиони денари. Раководството на општината во договор со ЕВН издејствувало плаќање на заостанатиот долг за потрошена електрична енергија на рати.
Поради недостигот на струја, наставата во струшките училишта во текот на изминатите денови се одвиваше со скратени часови со времетраење од 10 минути. Се очекува од денеска наставата да се одвива нормално.
OhridNews