Охридските “гладијатори“ на домашен терен против Прилеп ќе ја бркаат петтата победа во петтиот натпревар во продолжението од Првата машка ракометна лига.


Прилепчани својот квалитет го покажа минатото коло кога на домашен терен го запреа есенскиот првак Струга играјќи нерешено 27-27.

– Ракометарите на Прилеп се многу искусна екипа, која не треба да се потцени. Четири играчи ни се многу познати бидејќи тие играа во Супер лигата и имавме можност неколку пати да ги гледаме. Цела недела трениравме напорно за мечот со Прилеп да го дочекаме што по подготвени. Нема да менуваме премногу од минатите натпревари, а и нема зошто во одлична серија сме – рече десното крило Аце Трифуноски.


Во првата полусезона охриѓани со целиот плен се вратија од Прилеп, но избраниците на тренерот Горан Андоновски мораат да ја повторат играта и да ја продолжат победничката серија.


– Нашето мото е кратко и јасно, “секогаш играме од срце за Охрид“. Така ќе биде и на мечот со Прилеп на домашен терен. Убеден сум дека ќе додадеме уште победа во нашата низа. Ќе играме пред нашата публика, која не бодри секогаш и нема ништо да не спречи да и возвратиме со победа над Прилеп – порача Иван Тасевски, столбот на охридската одбрана.

Мх.П.