Со добра стратегија и организација, големи музички ѕвезди и оригинален имиџ, градот Прилеп покажува како може и треба да се креира квалитетен туристички производ, кој полека но сигурно прераснува во македонски бренд.
Дека проектот е исклучително успешен говорат и обидите приказната од градот на пивото да се преслика и во Охрид. Втор пат по ред во шпицот на туристичката сезона на спортскиот центар во Охрид ќе се одржи Пиво фест. Манифестацијата годинава е поместена неколку дена пред Илинден кога вообичаено во Охрид има најмногу гости и се случуваат голем број културни и забавни настани и концерти.
На тоа укажуваат и охридските угостители, кои сметаат дека ваков тип на манифестации доколку треба да се организараат во Охрид, тоа да биде пред почетокот или на крајот од летото, со цел да се продолжи туристичката сезона. Тие посочуваат дека дека Охрид нуди доволно квалитетни и оригинални настани во шпицот на сезоната укажувајќи дека нивниот промет за време на одржување на минатогодишниот Пиво фест осетно бил намален.