Нови 90 професионални војници, кои поминаа преку ригорозен процес на селекција кој вклучува медицински и психофизички проверки, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беа примени на служба во Армијата на Република Македонија. Шест од 90 новопримени војници се жени, а една од нив ќе биде дел и од Полкот за специјални операции. Новите професионални војници поминале месец и половина во Армијата, обука во нивните матични единици.

– Со завршувањето на заедничката обука не завршува војничкото надоградување. Патот до висококвалитет борец и припадник на АРМ е долг и макотрпен, полн со бројни предизвици и само добро обучен и храбар војник може да се справи со денешните многубројни закани по одбраната и безбедноста на Република Македонија, порача главниот наредник Миле Донец.

На свечениот прием на новите професионални војници присуствуваа претставници на Министерството за одбрана и на АРМ.