Реал Мадрид одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Виљареал. На натпреварот во дресот на кралскиот клуб со гол дебитираше најскапиот фудбалер на светот Герет Бејл. Виљареал поведе преку Кани, израмни Бејл. Роналдо го доведе во водство Реал, а конечните 2:2 ги постави Џовани дос Сантос.
Во другите средби од отворањето на 4то коло во Примера, Атлетико – Алмериа 4:2, Барселона – Севиља 3:2 и Леванте – Реал Сосиедад 0:0.
OhridNews