Кумството на новите кумови на Богојавление-Водици, Тане Николоски и Цветан Панделески ќе им биде предадено во недела (17. јануари) во 12 часот во црквата “Свети Никола – Геракомија”. Проследено со свечена литургија, тие светото кумство ќе го превземат од минатогодишните кумови Христијан Шапкар, Олег Маленко и Борис Маркулески.
Од Здружението за афирмација на МПЦ “Богојавление” кое е и организатор на фрлањето на крстот во Охрид, велат дека подготовките за манифестацијата, се во завршна фаза, а во тек е и пријавувањето на кандидатите кои ќе се фрлаат во водите на Охридското Езеро по Светиот крст. Најавуваат дека и годинава капачите ќе добијат маици со ликот на Свети Јован и апелираат до сите кои ќе се фрлаат во езерото на 19 јануари, претходно да направат лекарски преглед, на медицинскиот штанд, кој во рамки на манифестацијата ќе биде поставен на плоштадот.












