Со традиционални обичаи и богослужба во црквата Св. Никола Геракомија, денеска ќе биде извршено примопредавање на кумството за големиот празник Богојавление – Водици.  Нови кумови на Водици се браќата Јован и Климе Лотески,  сопственици на градежни компании. Тие кумството ќе го преземат од бизнисмените Тане Николоски и Цветан Панделески.


Предавањето на кумството ќе се одржи во црквата Св. Никола Геракомија

На изборот за кум што се одржа минатиот месец, браќата Лотески  истакнаа дека за нив претставува голема чест и задоволство да бидат кумови на годинешната манифестација, со оглед на тоа дека секоја година редовно учествуваат во чинот на фаќањето на светиот крст.


Браќата Климе и Јован Лотески го преземаат кумството за Водици

Од здружението на граѓани „Богојавление“, кое помага во организацијата на верската манифестација, информираат дека се е подготвено за одбележување на празникот Водици. За прв пат оваа година на Водици ќе има и групно кршевање во водите на Охридското Езеро. Сите заинтересирани за крштевање, поради организација на светиот чин, треба да се пријават најдоцна до 18-ти јануари – вторник во ресторанот „Св. Софија“ или кај кумовите на Водици.

OhridNews