Долгогодишниот капитени и фудбалер на Рома, Франческо Тоти за прв пат во кариерата најави дека ќе го напушти тимот од главниот град во Италија. Тоти на последниот натпревар против Сампдорија ги одигра последните три минути од мечот кој “џалоросите“ го загубија со 2-1.


ја напушта Рома !?

– Бев лут и вознемирен. Не знам каква е мојата иднина во Рома. Тажен сум кога ќе дојдам во Тригороја (базата на Рома), а среќен сум кога ќе излезам од таму – објаснува Тоти.

Рома е единствениот клуб во фудбалската кариера на Франческо Тоти, кој за првиот тим дебитирал во март 1993 година. Популарниот “Принц“ на Рома за “волчицата“ одигра 592 натпревари постигнувајќи 249 гола. Со Рома освои едно скудето во 2000 година, шест национални куп, додека со Италија во 2006 година беше првак на светот.

Ohridnews