Рома ја продолжи со неверојатна серија во „Калчо лигата“ откако на Џузепе Меаца против Интер ја забележа седмата победа во низа. До триумфот над „нероазурите“ „волчицата“ стигна на крилата од „принцот од Рим“ Франческо Тоти, кој постигна два погодоци, а третиот беше дело на Флорензи сите во првото полувреме.
Резултати : Интер – Рома 0-3, Киево – Аталанта 0-1
Мх.П.