Британскиот престолонаследник принцот Вилијам спаси девојче од давење, на брегот на Силвербеј во Северен Велс, јавија светеските агенции, пренесува „Макфакс“.
Принцот Вилијам спасил девојче од давење
18.08.12 12:00
Британскиот престолонаследник принцот Вилијам спаси девојче од давење, на брегот на Силвербеј во Северен Велс, јавија светеските агенции, пренесува „Макфакс“.
Девојчето влегло во водата за да и помогне на својата помала сестра, но плимата била многу силна и не и дозволила да се врати на брегот.
Девојчето толку многу се изморило од борбата со водата што речиси ќе се удавела.
На помош стигнал принцот Вилијам, кој со спасувачки хеликоптер на Крајбрежната стража стигнал девојчето да го извлече на сигурно.
Од Крајбрежната стража велат дека ова била една од најбрзите и најкратките негови акции.
Помалото девојче на брегот го изнесол еден сурфер.
OhridNews
извор:„Макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











