Традиционално и оваа година се одржа завршната приредба на училишниот центар Киборд, во салата на О.У. Христо Узунов. На почетокот со свој говор се обрати основачот на училишниот центар Проф. Вера Главинчева, која што им додели пофалници на учесниците од натпреварот за компјутерска дактилографија, кој се одржа во просториите на училиштето.


Првото место на натпреварот го освои Игор Јосифоски

Пред многубројната публика учениците се претставија со најразлични песнички, дијалози и драматизации на англиски и германски јазик. Пред родителите и останатите гости покажаа што тие научиле во текот на оваа учебна година, и затоа беа наградени со големи аплаузи.


Претставата ја водеше Љубица

Повеке фотографии од претставата во фото галеријата на www.keyboard.com.mk

Се одржа и кратка презентација на програмот за компјутерска дактилографија на македонски јазик Tiptype кој е прв софтвер од таков вид, а е изработен во Киборд.