Општина Охрид со свој штанд учествува на Меѓународниот саем за туризам кој деновиве се одржува во Нови Сад- Србија, на кој посетителите се информираат за природните убавини и туристичката понуда на Охрид и Македонија.


На саемот учествуваат туристички работници од Охрид и Струга. Во рамки на саемот беа доделени и признанија за постигнат успех во работењето. Меѓу наградените се најде и хотел Макпетрол- Струга. 


OhridNews