Благодарение на присебноста на тренерот на охридскиот тим Горан Андоновски и раководството на охридскиот клуб избегнат беше поголем инцидент во финишот на ракометниот меч Охрид – Пелистер 24-21.
На шест секунди пред крајот , по еден прекршок на охридската одбрана комплетната битолска екипа влета во теренот, настана мешаница во која подоцна мораше да интевенира и полицијата.
–
На мечот со Ринија, гостинските ракометари не провоцираа, го нападнаа судијата и на крајот нас не` казнаа. Вечерва во Охрид, јас како тренер, луѓето од Управата, моите играчи спречуваа поголем инцидент. Не ми е јасно зошто ни се случуваат вакви работи, јас инсистирам на фер и коректна игра, и ние така играме. На мечот со Ринија на шест разлика ни исценираа инцидент, а денес на три разлика за нас на неколку секунди при крајот повторно истото ни се случува. И благодарам на охридската публика кој не наседна на нивните провокации, не влезе никој на теренот, и на крајот се се` заврши во најдобар можен ред – рече по завршувањето на мечот тренерот на охриѓани, Горан Андоновски.
Тренерот на “пелистерци“ Златко Димитровки, изрази жалење за настанатиот инцидент кој го расипа одличниот впечаток на дербито на колото. –
Во последната минута од мечот непотребно изби еден инцидент. Ниту јас самиот не знам зошто, кога натпреварот беше одлучен, сакам да напоменам дека нашиот тим е млад и доста неискусен и подлегна на непотребна провокација. Многу ми е жал што дојде до ова и го расипа впечатокот на мечот кој до тој момент беше фер и коректен. Нашите ракометари играат прв пат пред ваква публика, и мене ме радува тоа што ракометот се враќа во Охрид, град кој апсолутно го заслужува тоа – рече поранешниот македонски репрезентативец, сега тренер на Пелистер , Димитровски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com