На петтата годишнина од потпишувањето на Маморандумот за заедничка визија на Дримскиот басен и првата година од отпочнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект , повеќе од 120 преставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година. Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во наредните 4 години чини 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен.
Стево Темеловски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија на отворањето на Конференцијата потенцира: „Посветени сме да го кренеме нивото на управување на водните и природните ресурси во Дримскиот басен како придобивка за идните генерации. Дримскиот проект е значаен политички, научен и управувачки процес со потенцијал да донесе значајни резултати. Денешниот настан е рефлекција за зајакнатите капацитети во сите земји од дримскиот басен околу координитраното управување со басенот. Ние треба да го искористиме овој момент да изградиме база за напредок. Размената на гледиштата денес ќе придонесе за подлабоко разбирање на перцепцијата на заинтересираните субјекти нивните приоритети и очекувања од процесот“.
Преставуваќи ги инстутуциите во земјите од Басенот, интересентите, како и преставниците од меѓународните организации кои дваат поддршка на активностите во Басенот, учесниците на Конференцијата, го проследија развојот на активностите во последната година и приоритетните активности во таа насока. Тие дискутираа за тековните и планираните активности за подготовка на План за управуваање во Дримскиот басен како и за можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја во Басенот и суб басените.
Главната цел на работењето во Дрим Кор и ГЕФ Дримскиот Проект е да се подигне управувањето надвор од суб басените во согласност со хидролошката поврзаност на Дримскиот басен. Ова ќе води од делење на водите помеѓу државите и евентуалните конфликти до делба на придобивките помеѓу заинтересираните страни кои физички, културно и историски се поврзани, Отворањето на потенцијалите за координирано управување ќе води до минимизирање на ризиците , управување со поплавите и ќе има позитивен ефект на екосистемот и на добар дел од економските сектори.
4-тата дримска Конференција на интересентите беше организирана заедно со 12 состанок на Дрим Кор групата и третиот состанок на Експертските работни групи. Заинтересираните страни имаат централна улога во етаблирањето на координираната акција во Дримскиот басен. Оваа четврта конференција следеше после настаните на регионално ниво во 2011,2013 и 2015 година и следните конференции на заинтересираните страни ќе се одржуваат во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект еднаш годишно.
OhridNews