Општина Охрид најави дека присилно ќе ги отстрани тезгите и урбаната опрема доколку сопствениците  не ги подмират своите обврски кон локалната самоуправа.

– Се известуваат сите корисници на јавни површини на територијата на општина Охрид, на кои се поставени тезги или урбана опрема (маси, столови и сл.) дека се должни ВЕДНАШ  да ги подмират своите обврски кон локалната самоуправа за 2010 и 2011 година.
Во спротивно општинскиот инспекторат во координација со надлежните служби ќе изврши присилно отстранување на опремата. Настанатите трошоци и евентуалните штети ќе бидат на товар на сопствениците.-соопшти Локалната самоуправа.

OhridNews