Донацијата наменета за Единицата за противпожарна заштита од страна на меѓународната асоцијација „Флоријан“ во вредност од 300.000 евра,  за која меморандумот беше потпишан на 25.февруари годинава, синоќа пристигна во Охрид.


Донацијата се состои во комплет опремено противпожарно возило, противпожарна опрема  неопходна за опасни и брзи интервенции, како и лична заштитна противпожарна опрема за пожарникарите при интервенции против огнената стихија.

Во склоп на донацијата е и обуката на пожарникарите која ќе се врши во две групи по две недели во текот на овој месец почнувајки од понеделник.

Ohridnews