Есента во Македонија и на целата северна хемисфера започна денеска во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта.
На првиот ден од есента, Сонцето во Македонија изгреа во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. Денот ќе трае 12 часа и седум минути. Есента ќе трае до 22-ри декември до 00 часот и три минути кога ќе настапи зимата.
Врмето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер и со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Дневните температури ќе се движат од 13 до 23 Целзиусови степени.
OhridNews