Според најавите на организаторите, ова е почеток на враќањето на холандските туристи на охридската ривиера. Се очекува годинава во Охрид да одмараат околу 5000 туристи од Холандија. Најголемиот дел од нив ќе пристигнат со чартер лет до Скопје, а локалната самоуправа најави дека со почнувањето на туристичката сезона ќе се воспостави и директна авионска линија Амстердам-Охрид.
Покрај во природните убавини и културно-историското наследство, холандските туристи во Охрид ќе може да уживаат и во Холандскиот парк кој свечено беше отворен вчера. Во наредниот период ќе следи негово доуредување, а целта е паркот во кој се наоѓа и споменикот на холандскиот писател А. Ден Долард да прерасне во место кое ќе ги спојува македонскиот и холандскиот народ.