На охридскиот аеродром попладнево со чартер лет пристигна првата група туристи од Холандија, кои во Охрид ќе летуваат преку компанијата „Корендон“, чиј македонски партнер е Туристичката агенција „Фибула“.


Втората група гости од Холандија се очекува да пристигне на полноќ со што бројката на холандски гости кои во наредните дена ќе престојуваат во градот ќе изнесува 300 туристи. Тие ќе бидат сместени во 11 хотели на охридско- струшката ривиера.

Како што е предвидено, до крајот на октомври, на охридскиот аеродром секој вторник и петок ќе слетуваат по два авиони кои ќе носат гости од Холандија.

Годинава на брегот на Охридското езеро, преку ТА „Фибула“ и „Корендон“ се очекува да одмараат 14.000 холандски туристи.

OhridNews