Првата група од дваесетина туристи од Холандија која ќе оди на кружна тура низ Македонија, вчера пристигна во нашата земја.

Оваа тура предвидува посета на Битола, Струмица, Неготино, Кавадарци и Скопје и на крај завршува во Охрид.

Организаторот се надева дека кружната тура ќе биде добро прифатена и ќе привлече уште странски туристи во Македонија.

Годинава во Охрид се очекува да престојуваат над 10.000 туристи од земјите на Бенелукс.

OhridNews