Специјалниот тим и опремата на сплитската специјализирана компанија „Дубина“ која ќе го извлекува потонатиот брод „Илинден“ од Охридското Езеро, вечерва пристигна на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Според најавите подготовките за извлекување на „Илинден“ ќе започнат утре со испитување на теренот и на трупот на потонатиот брод.












