Во рамките на Проектот “Селектирање на отпад и набавка на садови за општините од југозападниот плански регион” во Охрид пристигнаа 21 контејнери чија намена е депонирање на отпад од пластика (пластична амбалажа). Во рамките на донацијата во текот на наредната недела ќе пристигнат и 25 контејнери за депонирање на отпад од хартија и 28 канти за отпад .

Во нашата досегашна пракса имавме големи проблеми со подигнување на отпадот од пластика бидејќи секојдневно контејнерите беа обивани и кршени, а отпадот од пластична амбалажа се крадеше. Од тие причини бевме приморани контејнерите за депонирање на пластика да ги повлечеме. Затоа, за успешно функцинорање на проектот апелираме и бараме од надлежните служби да се спречи обивањето и кршењето на ваквите контејнери, како и крадењето на пластичниот отпад во иднина, велат од ЈП Комуналец.

OhridNews