Според Агенцијата за промоција на туризмот, ова е првата група на руски туристи од предвидените осум чартер летови, за оваа летна сезона. Заклучно со 30 август, ќе треба се реализираат уште 7 чартер летови од Русија.
Реализирањето на оваа сезонска авионска линија е резултат на многубројните активности и заложби, за промоција на Македонија, како туристичка дестинација.
Руските туристи на аеродромот во Охрид, ќе бидат дочекани од претставници на Руската амбасада во Македонија, од Руско – македонската комора и од Агенцијата за промоција на туризмот.