На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, утре ќе слета првиот чартер авион од Виена, Австрија, информира концесионерот „ТАВ Македонија“.
Со авионот на „Флај Ники“ во Охрид ќе пристигнат 186 австриски туристи.
Од „Тав Македонија“ информираат дека во претстојниот период е предвидено да се реализираат вкупно четири чартер летови од Австрија до Охрид.
OhridNews