И покрај обезбедниот пласман во четвртфиналето на Евробаскетот, македонските кошаркарски репрезентативци со пожртвувана игра предводени од силната одбрана, остварија нов триумф.
– Пред натпреварот со Грузија бевме малку оптеретени со резултатот и тоа беше видливо на теренот. Денеска влеговме во мечот без никаков притисок, знаевме дека веќе сме пласирани во четвртфиналето и одигравме одлично, ја игравме онаа наша игра од претходните средби“, вели Докузовски.
Селекторот Докузовски им даде солидна минутажа на Предраг Самарџиски, Ѓорѓи Чековски и Дамјан Стојановски кои максимално ја искористија, а селекторот имаше можност да го одмори капитенот Перо Антиќ.
„Бидејќи немаме долга клупа, денеска сакав да одморам дел од играчите затоа што не очекуваат потешки натпревари и позначајни за нас. Сепак, поради нашата желба за победа, а и желбата за победа на целиот македонски народ, ние повторно го дадовме максимумот и одигравме најдобро што знаеме. Имавме контрола врз натпреварот и повторно игравме одлична одбрана која беше многу важна“, заврши селекторот.
Во понеделник во директната пресметка со Русија во последниот меч од втората фаза кој ќе решава за првата позиција пред четвртфиналето.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com