Неискуството, преголемата желба но и силниот притисок беа непремостилива пречка за охриѓанката Нина Балабан која имаше настап под своите можности на неодамна одржаното ЕУЦХ во Финска.
– Ова е нејзино прво Европско првенство, разочарувањето е присутно но воопшто нема да не одврати од остварувањето на целта – вели нејзиниот тренер Валентина Гоџо.
Пред Балабан се настапите на светски Купови во Лондон, Минхен и Милано, како и младиското европско првенство во Болоња, Италија.
– Дека талентот на Нина е неоспорен потврдија и светски признати стручњаци од калибарот на Жељко Тодоровиќ, Мирибан и Горан Максимовиќ.– велат од охридскиот клуб.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com