– Надворешните притисоци и притисокот од јавноста се прелеваа на атмосферата во репрезентацијата. Кохезијата и позитивната атмосфера, тимскиот дух, чувството за единство, фокусираноста, беа нашето главно оружје на ЕП во Србија, а тимот беше тој што победуваше. Овие атрибути, се повеќе се намалуваа и се повеќе го губевме фокусот. Нашиот вообичаен начин на игра не можеше да го даде очекуваниот ефект бидејќи беше прочитан, а новиот начин, кој требаше да биде наш главен адут, со потешкотии се спроведуваше на теренот – потенцираше Шундовски.
Тренерот на романска Констанца, Шундовски покрај Светското во Шпанија, Македонија ја предводеше на ЕП во Србија и предквалификациските игри за летните Олимписки игри во Лондон.