Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 19- годишно лице од струшкото село Горно Татеши за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распсркувачки материи“.
На 6- ти март , при извршен претрес на неговиот дом од страна на полициски службеници пронајдени биле една автоматска пушка и рамка за истата.
Од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 20 дена.












