Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Убиство во обид„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В. (30) од Охрид. Од страна на Истражен Судија при основниот Суд во Охрид, него му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавениот, на ден 19.02.2011 година во 00 часот и 50 минути пред угостителскиот објект „Респект„ каде претходно се случило нарушување на јавниот ред и мир, со остар предмет-нож, го нападнал Н.М(25) од Охрид нанесувајки му во пределот на градниот кош,  повеке убодни рани. По укажаната медицинска помош во Охрид и Струга, истиот, веднаш е пренесен во болниците „Систина „ во Скопје.

За потсетување, на нападот со нож пред локалот „Респект„ во близина на градскиот плоштад, претходела вербална расправија која, во угостителскиот објект, ја започнале Н.М.(25) и Љ.К.(27) кои биле под дејство на алкохол. Тие, од страна на З.Т.(48) и С.Л.(22)  обезбедувачи на објектот, биле предупредени да не пушат внатре во локалот. Револтирани поради тоа, започнале расправија, викање и недолично однесување кое набрзо прераснало во туркање и тепачка.  Понатамошниот тек на нарушувањето било спречено со брза интервенција на полициските службеници од СВР Охрид.

Инаку, пријавениот А.В. е добро познат на службата како извршител и на други кривични дела против кого СВР Охрид, поднесувал  повеке кривични пријави.

OhridNews