Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од селото Горно Крушје, ресенско.
Пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. Нему од надлежен судија му е одредена мерка притвор. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews











