СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, на кого од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 31-ви март, околу 01.00 часот на улицата „Климентов Универзитет“, пред куќа сопственост на 42-годишен жител, од непознати причини опожарено било неговото патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки.

По преземени мерки утврдено е дека сторител е сега приведениот.

OhridNews