Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето кое вчера пукаше во поранешниот Министер за здравство. Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 во врска со член 19 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за определување на мерката – Притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување.

OhridNews