Македонски државјанин е приведен во Албанија на граничниот премин со Црна Гора, откако албанската полиција му пронашла дрога, јави дописникот на Макфакс.
Приведен е 27 годишниот Македонец, Б.Т., кај кого полицијата на граничниот премин Муриачан пронашла седум грама марихуана .
Приведениот, кој е жител на Кичево,  бил на пропатување преку Албанија во Црна Гора.
Тој е изведен пред судските власти во Скадар, под обвинение дека произведол и тргувал со наркотични средства, пишуваат медиумите во Албанија.
OhridNews
Извор:„Макфакс“