Поради постоење на основи на сомнение за сторени шест казнени дела „Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38- годишен охриѓанец, на кого од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. 

Пријавениот, кражбите ги извршил во почетокот на месецов во неколку ветеринарни амбуланти, продавници, сервиси како и во една нотарска канцеларија, притоа одземајќи пари и други поситни предмети. Тој употребувал штрафцигери и друг подесен алат за разбивање на сигурносните брави и кинење на катинарите од вратите, а потоа и физичка сила по што вешто влегувал во објектите, вршел пребарување ги одземал парите и другите предмети.

По извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле дел од подесниот алат со кој е извршено разбивањето на вратите и испратен е на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Дополнително направено е и споредување на трагите пронајдени на местата каде се извршени тешките кражби.

Инаку, пријавениот е лице познат на службата, против кого и досега биле поднесувани пријави за слични казнени дела за што е и затворски осудуван.

OhridNews