Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, Секторот за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против 36- годишен охриѓанец, по што од истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Ноќта помеѓу 16-ти и 17-ти овој месец, пријавениот се обидел да изврши полов напад врз десетгодишен малолетник- негов роднина. Настанот се случил во една од собите во куќата каде заедно живееле сега притворениот и нападнатиот малолетник. На обидот за полов напад, му претходел удар со тупаница по грбот и употреба на физичка сила од притворениот врз малолетното лице, со цел да го заплаши, да ја злоупотреби и искористи неговата немоќ да се спротивстави на таквите обиди.

Во намерата да го изврши половиот напад, притворениот бил спречен од неговиот брат кој спиел во истата просторија и го забележал однесувањето и обидот за полов напад. Тој веднаш го оттргнал малолетникот од напаѓачот, по што случајот е пријавен  од родител на 10 годишното дете.

СВР Охрид веднаш го приведе лицето против кого и досега биле поднесувани пријави по повеќе основи за сторени казнени дела. 

OhridNews