Во текот на ноќта притврени во затворот во Шутка се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, обвинети во случаи на СЈО. Ова за Телма го потврдија од судот и од затворот.

На двајцата им е определан мерка притвор од 30 дена, поради можност од бегство. Притворот е определен за,случајот „Титаник”, за кој рочиште е закажано за денеска.

Специјалната обвинителка Катица Јанева во гостување на 1тв потенцираше дека досега од обвинителството не биле барани притвори за двајцата затоа што тие ги почитувале мерките за претпазливост.

Синоќа Јанакиески го осуди бегството на Никола Груевски, бидејќи тоа ќе им наштети на другите обвинети во случаите на СЈО.

OhridNews