СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица вработени во ТАВ – Аеродром „Александар Велики“, поради основано сомнение дека сториле две кривични дела – “тешка кражба“, со што се стекнале со противправна имотна  корист од 410.000 денари. Имено, на 03 овој месец, околу 10.30 часот, на аеродромот Александар Велики во авионот од авионскиот лет Цирих-Скопје по неговото пристигнување на аеродромската платформа и поставувањето на елеваторот, три од пријавените лица се качиле во карго делот на авионот со цел да го истоварат патничкиот багаж, додека обезбедувачот останал кај елеваторот да ги набљудува како ја извршуваат нивната работна задача.

Притоа, еден од вработените отворил еден од куферите и од несесер зел златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Првопријавениот украденото злато го ставил во неговата работна јакна која после истоварањето на патничкиот багаж од авионот ја оставил во работната просторија, а по завршувањето на работното време успеал украденото злато да го изнесе и надвор од просториите на аеродромот. Истите лица, на сличен начин, во текот на денот извршиле уште една кражба на златен стекнувајќи се со имотна корист од 50.000 денари.

Кражбата ја пријавила сопственичката на куферот откако видела дека во еден дел незиниот куфер е отворен, пријавила на службите за обезбедување во аеродромот, поради што по завршувањето на утоварот на багажот во карго делот на авионот за авионскиот лет Скопје –Цирих, пријавените биле повикани да поминат низ ренген контролата за службен дел. Истите прво ги оставиле нивните службени лични јакни да поминат низ ренген контролата, а потоа и тие, каде од страна од одговорниот на ренген контролата е забележан златен накит во јакната на едно од лицата.

Од страна на Истражен судија, на четворицата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

OhridNews