
При контрола на возилото, во кое биле уште една девојка и момче од Скопје, под совозачкото седиште, пронајден бил ранец во кој имало непозната тревкаста материја, завиткана во најлонска фолија. Пронајдениот ранец бил во сопственост на момчето од Скопје, кое заедно со возачот и сопатничката набрзо биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово.
Во фолијата имало над еден килограм марихуана, која според кажувањето на скопјанецот, претходно ја купил од лицето кое ги возело и требало да ја однесе во Охрид.
Против сите тројца поднесена е соодветна кривична пријава, а од страна на истражен судија на скопјанецот и лицето од Студеничани им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
OhridNews











