Притвореник од Ресен роден 1973 година, починал денеска во Истражниот заврор во Скопје. Информацијата за OhridNews ја потврди притвореник, кој бил сведок на настанот.

Како што дознаваме, на несреќниот притвореник кој бил заедно во соба со уште четири притворени лица, наеднаш му се слошило, по што починал. Најверојатно причина за смртта е срцен удар, но тоа ќе треба да го потврди обдукцијата.

Притворениот бил зад решетки како дел од истрага за измама со јаболка.

OhridNews