Вработен во Казнено поправната  установа „Затвор Охрид“, вчера, околу 15.45 часот, во охридската Полициска станица, пријавил дека претходниот ден во 20.20 часот во една од собите во притворското одделение, 31-годишно лице од Куманово, најверојатно со запалена цигара, запалило ќебиња и јоргани во просторијата каде било сместено.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот, пожарот бил изгаснат.

OhridNews