Од Министерството за труд и социјална политика вчера упатија апел дадениот рок да се испочитува затоа што нема да има пролонгирања.
-Правно лице, чија регистрирана дејност не е од областа на згрижување и воспитание на децата од предучилишна дејност, а во рамките на своето работење остварува и обезбедува услуги од оваа дејност, должно е да поведе постапка за трансформирање во установа за деца, да ги усогласи своите акти, организација и работење согласно со одредбите од Законот за заштита на децата, велат од министерството.
Досега само две правни лица имаат поведено постапка за трансформација, а преку Министерството за труд и социјална политика од Владата, одобренија за основање имаат добиено пет приватни установи за деца во Република Македонија.
-Установите за деца може да се основаат и да почнат со работа, ако за тоа обезбедат соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, стручни и други кадри, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста, донесени програми за вршење на дејноста и обезбедени потребни финансиски средства и ако ги исполнуваат условите коишто се утврдени со закон, појаснуваат од министерството.